TОШЕ ПРОЕСКИ

BR1

Тоше Проески (25. јануари 1981.-16. октомври 2007.), роден како Тодор Проески во Прилеп, во влашкото семејство, од родители чие постојано живеалиште е Крушево, беше најпопуларниот пејач во Република Македонија и една од најголемите ѕвезди на Балканската музичка естрада, кадешто е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997., каде и победува изведувајќи ја песната Yesterday на Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997.) и Остани до крај (1998.). Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999. година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, кадешто останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004. година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ.

Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

   Умира на 16. октомври во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб – 17. октомври - е прогласен за Ден на Национална Жалост.

   Биографија

Рани години

Тоше Проески ја започнува својата музичка кариера на фестивалот “Мелфест” каде во 1997. година победува со изведбата на Yesterday на Битлси. Истата година учествува и на “Макфест” со композицијата “Пушти ме". Тоше работи со еден од најпознатите македонски композитори и текстописци Григор Копров, соработка која ќе му донесе два од најголемите хитови Усни на усни и Сонце во твоите руси коси. Во 1999. година го издава својот деби-албум "Некаде во ноќта" кој содржи единаесет песни. Летото истата година, Тоше го оддржува својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, останува незаборавен за неговите обожаватели.

Во 2000 година Тоше учествува на “Скопје Фест” (од каде се избира македонскиот претставник на Евровизија) со песната "Солзи прават златен прстен" која, и покрај тоа што победува на теле-воутингот, на крајот го освојува третото место, зад Каролина Гочева и победнициите XXL. Во овој период почнува да ги снима и песните за својот втор албум “Синот Божји" кој е промовиран во јуи 2000. година. Албумот ќе даде голем број хитови во опусот на Тоше, како "Немир" (дует со Каролина Гочева), "Во коси да ти спијам", "Излажи ме уште еднаш", како и "Илузија" и "Тајно моја", две песни компонирани од Кире Костов, (со втората го освојува второто место на фестивалот "Сунчане скале" во Херцег Нови, Црна Гора).

Српската продукциска куќа “BK Sound” ги откупува правата за издавање на следниот албум на Тоше на просторот на поранешна Југославија, што пак ќе резултира со Оскар на популарноста на просторот на поранешните југословенски републики за 2000. година, како и со целосно распродани концерти во Скопје и Белград. Во 2001. година Тоше, заедно со неколку други македонски пејачи, отпочнува турнеја низ Австралија.

Ѕвездена слава

Откако минува одредено време заедно со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ снимајќи во студио во Атина, Грција, Тоше го пушта во продажба својот трет албум "Ако ме погледнеш во очи" на македонски и српски јазик. Следи период на интензивна промоција во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Во април 2003. година, Тоше победува на фестивалот "Беовизија" со песната "Чија си" која станува огромен хит во поголем дел од балканските републики.

Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њу Јорк кој е в својата кариера е и учител на Лучијано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза а во 2003. година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор.

Следната година МРТВ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се оддржува во Истанбул, Турција. Во февруари, со помош на теле-воутинг, жири и лично мислење, избрана е песната Ангел си ти. Во април Тоше го издава албумот "Ден за нас", двојно це-де на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија. Следниот месец, Тоше го освојува 14тото место со песната "Life", англиската верзија на “Ангел си ти”. Пред изборот, станува омилена личност меѓу репортерите, преку демонстрација на неговите инзворенди оперски квалитети на прес-конференциите.

Во 2004. година, именуван е за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја снима песната За овој свет која има и англиска верзија - This World и која станува химна на УНИЦЕФ. Тоше потпишува договор со Dallas Records за издавање на неговиот следен албум во Хрватска и Словенија. Тоше ја снима “Krajnje Vreme” со словенската пејачка Ања Рупел. Во 2005., неговиот петти албум “По тебе” е издаден низ целата територија на поранешна Југославија. По тебе е сѐ уште еден од најуспешните албуми било кога издадени на Балканот - неколку недели останува на врвот на листите во Република Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Сингловите од овој албум пак, со месеци се задржуваат на највисоките места на музичките топ листи во овие земји.

Неговиот следен албум - Божилак - е компилација на 14. избрани македонски народни песни пропратени од симфониски оркестар. Во 2007. година, Тоше го издава и Игри без граници - неговиот последен албум.

Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) оддржан на 5. октомври 2007. година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на Македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000. посетители.

Композитор и текстописец

Тоше Проески исто така се потврдува и на полињата на компонирањето музика. Има напишано неколку песни за себе - Има ли ден за нас?, Слушаш ли?, Малечка и Полско цвеќе. Во 2004, Проески ја компонира и Муза - голем хит за Мартин Вучиќ и наслов на неговиот следен албум. Во едно интервју, Тоше има речено дека има повеќе од 100 искомпонирани и напишани песни за кои чека прав момент за да ги издаде.

Сообраќајна несреќа

Тоше Проески загина на 16. октомври 2007. во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на со-возачкото седиште во возилото Volkswagen Touareg кој со голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници - возачот Ѓорѓе Георгиевски поминува со потешки додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ со полесни повреди. И двајцата се вон-животна опасност.

Реакции по смртта на Тоше

Веста за смртта на Тоше Проески е објавена од најголемите светски новински агенции. Најголем дел од нив го нарекуваат „најголема балканска ѕвезда“, а Би-Би-Си, неговата слава на Балканот ја поистоветува со онаа на Елвис Присли во САД.

По повод смртта на Тоше Проески, на главниот плоштад во Скопје се отворени книги на жалост, а илјадници Скопјани оставаат пораки, палат свеќи и се потпишуваат во книгата на жалоста.

 

Отворена е и петиција за името на Тоше Проески да го носи Средното музичко училиште во градот Битола, каде учел Тоше Проески. Истата петиција важи и за промоција на хуманитарен фестивал кој ќе се одржува секоја година на денот на неговата смрт 16. октомври и кој ќе го носи неговото име и ќе опфаќа музичари од сите музички жанрови, се со цел да им се помогне на сите оние на кои им треба хуманитарна помош.

Албуми

На почетокот на август 2007. година, го издаде и неговиот најнов албум „Игри без граници“, на којшто има соработка со добро проверениот тандем - хрватската пејачка и актерка Антонија Шола и Миро Буљан.

1999.

   * Некаде во ноќта

2000.

   * Синот Божји

2003.

   * Ако ме погледнеш во очи

   * Ако ме погледаш у очи (верзија на српски јазик)

2004.

   * Ден за нас

   * Дан за нас (верзија на српски јазик)

   * Тоше Проески -стадион '04- Live (DVD издание)

2005.

   * По тебе

   * Пратим те (верзија на српски јазик)

2006.

   * Божилак (aнглиски: Rainbow)

   * Тоше Проески -стадион '06- Live (DVD издание)

2007.

   * Игри без граници

   * Игре без границе (хрватска верзија)

Најголеми хитови

   * Чија си - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 БиХ

   * Немаш ни благодарам

   * Тајно моја - #1 Македонија

   * Ако ме погледнеш во очи - #1 Македонија, #1 СЦГ

   * Соба за тага

   * Life - #1 Македонија, #2 СЦГ #49 Јужна Африка

   * Жао ми је

   * Кој ли ти гризе Образи (Ко ти то гризе образе) - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 Хрватска

   * Лагала нас мала (со Тони Цетински) - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 Хрватска (20 недели)

   * По тебе

   * Срце није камен (Хит на годината во Хрватска)

   * Вежи ме за себе (#1 на „Радиски фестивал“ во Хрватска)

   * Никој како тебе не бакнува - #1 во Македонија

   * Месечина

   * Волим осмијех твој (со Антонија Шола) - #1 во Хрватска

   * Боже, чувај ја од зло

   * Игри без граници - #1 на Балканот

BR.2
BR.3
BR.4
BR1
1/4 
start stop bwd fwd

Преведи на:

English French German Italian Portuguese Russian Spanish
Вие сте овде

Get Adobe Flash player