Владини стипендисти од Пчињски огруг

 

 

 

Maрина Савиќ

 

 marina

 

   Maрина Савиќ,успешен студент на Владата на Р.Македонија,просечен успех 9,12. Марина Савиќ е родена на 25. декември 1993. година во Тетово, Р. Македонија.Своето основно образование го завршува во ОУ „Вук С. Караџиќ“ во Врање, Р. Србија.  Во 2008-ата година се запишува во Средното училиште гимназијаБора Станковиќ“  во Врање, каде истото го завршува полагајќи ја државната матура со одличен успех. Во 2012-тата година со помош и поддршка на Националниот совет на МНЗ во Р.Србија , Здружението на Македонците од Пчињскиот округ „Гоце Делчев“ – Врање и Министерството за надворешни работи на РМ, како стипендист на Владата на Република Македонија се запишува на Филозофскиот факултет, на Институтот за педагогија, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По четири годишните студии, успешно го завршува додипломскиот процес на образование и пројавува интерес за проучување на педагошки проблем кој што не е третиран на ниво на дипломска работа ,,Ефективниот наставник во првите училишни денови и во 2016-тата година по јавната одбрана на истата се стекнува со титулата „Дипломиран педагог.

 

 Како член на здружението „Гоце Делчев“ во Врање дава особен придонес во учеството на манифестацијата ,,Гоцеви денови“. Марина Савиќ, покрај формалниот дел на образование во текот на нејзините студии посетувала и земала активно учество во бројни семинари, работилници, проекти, истражувања  и други видови на неформално образование како во земјата така и во странство:

 

 - Во 2013-тата година учествува на ,,Семинар за ненасилно решавање на конфликти , во Струга, организиран од Центарот за Балканска соработка- Лоја од Тетово;

 

 - Учесник е на вториот дел од семинарот за ,,Ненасилно решавање на конфликти исто така во Струга , организиран од претходно наведената невладина организација;

 

- Учесник е во обуката на тема,, Зајакнување на капацитетите на идните наставници и педагози за работа во мултиетничка средина, организирана од страна на ,,Здружение за развој на ромската заедница СУМНАЛ Скопје;

 

 - Како тутор-волонтер зема учество во организација и  реализација на туторски часови за ученици од ромската заедница, во интерес на подобрување на успехот на учениците во основното образование, во соработка со ,,Здружението за развој на ромската заедница- СУМНАЛ  Скопје во времетраење од 4 месеци;  

 

 - Во соработка со Американската амбасада во Република Македонија и Филозофскиот факултет учествува во културната размена во времетраење од 3 месеци во Соединетите Американски Држави“;

 

 - Во соработка со „Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор Скопје зема активно учество во обуката за ,, Компетентни учители на XXI век, во времетраење од месец дена.

 

- Како учесник во истражувањата и проектите во организација на Институтот за педагогија зема учество во манифестацијата која традиционално се оддржува секоја година на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет ,,Педагогијата на дело”.

 

Се гордееме на нејзиниот успех,воедно и посакуваме  голем успех.


Бобан Величковиќ

boban

 

Бобан Величковиќ ,успешен студент на  Владата на  Р.Македонија,просечен успех 10.00.Бобан Величковиќ е роден на 02. април 1992. година во Врање, Р. Србија.Своетоосновно образование го завршуваво ОУ„БранкоРадичевиќ“ во Бујановац,Р.

Србија.Во2007-ата година се запишува во Средното училиште„Никола Карев„во скопската населба Карпош, каде истото го завршува полагајќи ја државната матура во Република Македонијасо одличен успех.

Во 2011-тата година со помош и поддршка на  Националниот  совет на  МНЗ во  Р.Србија , Здружението на Македонците од Пчињскиотокруг „Гоце Делчев“ – Врање и Министерството за надворешни работи на РМ, како стипендист на Владата на Република Македонија се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

По три годишните студии, успешно го завршува додипломскиот процес на образование иво 2014-тата година се стекнува со звање „Дипломиран правник“.

Истата година, Величковиќ решава да продолжи и да го надогради своето образовани езапишувајќи се на пост-дипломски студии од областа на Кривичното право при Правниот факултет„Јустинијан Први“. Во текот на две-годишните пост-дипломски студии успешно ги исполнува сите испитнио бврски од мастерс тудиите со просечен успех 10,00 вклучително со изготовка на

магистерска теза на тема„Институтот„заштита на сведоци“ во функција на сузбивање на организираниот криминал“,која јавна одбрана треба да се реализираво текот на месеците септември-октомври.

Како член на здружението „Гоце Делчев“ во Врање дава особен придонес како прв водител на културно-едукативната емисија „ИНФОМАК“ .

Бобан Величковиќ, покрај формалниот дел на образование во текот на неговите студии посетувал и земал активно учество во бројни семинари, трибини, работилници, симпозиуми и друг вид на неформално образование како во земјата така и во странство:

-Во 2013-тата година во организација на Совет на Европа во Берлин - Германија учесник е на летно школо од областа на човековите права и заштита од дискриминација и социјална ексклузија;

-Учесник е на 4-тиот компаративен симпозиум на тема „Малолетничка правда“ во организација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Амбасадата на Република  Франција;

-Во соработка со Американската амбасада во Република Македонија и Правниот факултет учествува на едно-дневна конференција на тема „Улогата на кривичното право во справувањето со корупцијата“

-Во соработка со „Фалконе“ Фондацијата од Италија и СФЕРА Битола зема активно учество на конференција посветена на „Перцепцијата на организираниот  криминалитет во Македонија и ЕУ“

-Во организација на ИРЗ–Германска фондација за меѓународна правна соработка  учесник е на компаративен семинар посветен на основите на германското право во споредба со македонското право.

-Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Македонија и Правниот факулте т„Гоце Делчев“ – Штип зема активно учество како „судија“ во проектот „Денови на симулирано судење“ постапувајќи по новиот Закон за кривичната постапка.

-Во 2016-та година учествува на 2-от меѓународен натпревар „2 nd AdriaGc MootCourt  Compe GGon“ (симулирано судење пред  Меѓународниот кривичен суд) во врска со Сајбер-тероризмот во Интер-универзитетскиот центар во Дубровник;

-Истата година успешно го завршува меѓународниот курс во врска со „Кривичното право и новите технологии–Импликации и  манифестации“ организиран од страна на Правниот факултет во Загреб, Р. Хрватска.

Се  гордееме на неговиот  успех,воедно  му  посакувае  голем  успех  .

Преведи на:

English French German Italian Portuguese Russian Spanish
Вие сте овде

Get Adobe Flash player