КНИЖЕВНА ВЕЧЕР

ЗГМНЗ ,,Гоце Делчев’’ во склоп на одобрениот проект на град Врање ,,Дани македонске културе и културног стваралаштва-Врање 2013  во ОШ ,,Вук Караџић’’ на 6 декември  организира книжевна вечер во која настапиа Доцент др.Христо Петрески и Професор др.Виолета Димова  од Скопје Р. Македонија.

Доц. д-р Христо Петрески е роден на 4.2.1957 година во Крушево. Доктор е по дидактички и методички науки. Докторираше на тема  "Авторска бајка - компаративна анализа". Магистрирал на   Институтот за македонска литература при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје,  на тема  "Хаику поезијата помеѓу елитното и масовното ".Сега е универзитетски професор на Универзитетот ЕРСА во Скопје и Универзитетот ,,Св. Апостол Павле,,во Охрид.

Инаку, Христо Петрески е новинар и писател. Од 1982 година е основач и директор на Издавачката куќа "Феникс".

Пишува:поетски книги за возрасни,поетски книги за деца и млади,проза за возрасни,проза за деца и млади.

 

 Има преводи и препеви: на српски, хрватски, словенечки, бугарски, француски, англиски, германски, словачки, русински, албански, турски, руски и други јазици

Виолета Димова е родена 1955 г. во Скопје.Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, каде што и магистрирала и докторирала на теми од методиката на наставата по книжевност.  До 2008 година беше професор на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет во Скопје, а сега е декан и редовен професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. 

Нејзината книга „Литературното дело и реципиентот“ (Македонска реч,  2007) се користи како учебник по методика на наставата по литература, за студентите на филолошките факултети. 

Оваа година ја доби  међународната награда ,,Ана Франк ,,за постигнувања во детската книжевност која ја доделува издавачката кука ,,Феникс,, и  фондацијата ,,Македонија презент,,

Во прекрасен амбиент  во анфитеатарот  на ОШ Вук Каараџић ,најпрвин најава од Домника Трајковић  а потоа поетите на дело , кој беа наградени со аплауз .

Имаше што да слушни ,учествуваја и децата со читање на детски песни ,на сцената настапе легендата на Врањскиот мелос Каце со изведба на песната   ,,Ајде слушај калеш бре Анђо,, која ги разгали сите присутни и со долги емоции го наградија со аплауз.

Ова  книжевна вечер беше подарок на ОШ Вук Карџић за соработката што ја има нашето Здружение и на сите присутни  кој ке ја памтат ова вечер.

 

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
01/22 
start stop bwd fwd

 

 

Преведи на:

English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Македонски радија


Вие сте овде

Get Adobe Flash player