КРСНА СЛАВАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО Трите Свети Архиери

peco7И ова година према традицијата и обичајте нашето Здружение ,,Гоце Делчев,, по осми  пат ја обележа крсната слава Трите Свети Архиери  на 12.02.2015. год. Секоја година поубава и подобро организирана прослава и секогаш со старите и новите членови и со старите и новите пријатели кои ги стекнавме и со надеж за подобра иднина.

Према традицијата и одлуката на УО на Здружението ,,Гоце Делчев,, довербата за кум за 2015. год.  ја повери на Пеце Ристески-секретар на ЗГМНЗ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ,, и преседател на ИО на Националниот совет на МНЗ воР.Србија .

По однапред договорениот протокол прославата започна со сечење на славскиот колач во 10.00 часот во градската црква Св. Троица во Врање каде покрај кумот  и неговото семејство во голем број присуствува и членови на здружението предводени од Управниот одбор.

Прославата продолжи во Регионалната канцеларија со домајќињски прием на гостите од   Управниот одбор  на Здружението.

Сите гости беа пречекани со послужување на жито, прекрасна славска трпеза, во придружба на две девојчиња облечени со македонски носии ги служеа присутните гости .

Добро одбраните песни беја дел за опуштање, за договори за идни заеднички настапувања со цел на промоција на македонската култура, традици и обичаии.

Присуството на Градоначелникот на град Врање  Зоран Антић доволно зборува  за соработката   ос локалната самоуправа.

Бројни се телеграми и честитки кои пристигнаја до здружението, честитката од  Амбасдата на Р.Макеодонија во Р. Србија и Предсеадателот на Националниот Совет на МНЗ во Р. Србија Борче Величковски ни дава посебен елан за за подобра иднина каде ке продолжиме да е негуваме македонската култура, традиција и обичаји.

Негувањето, афирмацијата и презентацијата на македонските етнички посебности, културата историските вредности, како и зачувувањето на нашиот јазик, обележување на значајни историјски датуми, настани во културата и државноста на Р. Македонија  се главни задачи на сите македонци каде и да сне во дијаспората.

Известува Пеце Ристески

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
peco 3
peco 8
peco torta 2
peco4
peco6
peco7
01/18 
start stop bwd fwd

Преведи на:

English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Македонски радија


Вие сте овде

Get Adobe Flash player