Прослава на 8. март

8 martМеѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

 Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

Во склоп на обележување на на празниците и во ова прилика УО на ЗГМНЗ,,Гоце Делчев,, го обележа празникот осми март , најпрвин во регионалната канцеларија каде беа поделени подароци за жените –членови на здружението  по една књига на македонски јазик и еден каранфил, а потоа во вечерните часови во прекрасниот ресторан ,,ПРОЛЕЋЕ,, беше весело се до раните утрински часови.

Ова е уште еден доказ дека мора да постои уважување, толеранција  и међусебно разбирање зошто се залага и ке се залага УО.

 

8 mart
Fotografija0727
fotografija0727
Fotografija0729
Fotografija0743
scan
SDC14577
SDC14585
SDC14587
SDC14592
SDC14595
01/11 
start stop bwd fwd

Преведи на:

English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Македонски радија


Вие сте овде

Get Adobe Flash player