СВЕЧАНО ОБЕЛЕЖЕН РОДЕНДЕНОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

 

Fotografija0639Во Регионалната канцеларија чие име го носи Здружението Гоце Делчев ,професорот по историја Здраве Костадиновски своето предавање  го започна  со  најпознатата мисла изречена од Гоце  :

 „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“

 Потоа  професорот зборуваше   за   биографијата  и револуционерна дејност на Гоце.

Гоце Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија (денешна северна Грција), како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш, а потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија "Св. Кирил и Методиј". Се запишал во Воената академија во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Штип во 1894 каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895, набрзо станувајќи нејзин водач.

 Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.

 За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.

 За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.

 На редовното советување во декември 1902, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се дигне фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не не' победи нас.“

 Во јануари 1903 год., Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор.

 Вечерта на 2 мај 1903, Гоце Делчев пристига во с. Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа од страна на непознат(и). Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.

 Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во Македонија и Одринско и создавање на независна македонска држава му го донесе ореолот на признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

 Неговите посмртни останки прво се пренесени во Бугарија, за на 11 октомври 1946 година да бидат пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

 Ова беше уште едно потсетување за нашиот револуционар кое со понос го носи   името   нашето Здружение.

 

DSC00555
DSC00556
DSC00559
DSC00560
Fotografija0639
Fotografija0641
Fotografija0643
1/7 
start stop bwd fwd

Преведи на:

English French German Italian Portuguese Russian Spanish
Вие сте овде

Get Adobe Flash player